Шо прајме со каналот на Баиро?

Шо прајме со каналот на Баиро?

Started
November 3, 2020
Petition to
ЈП Нискоградба and 2 others
Victory
This petition made change with 698 supporters!

Why this petition matters

Еколошките и комуналните проблеми на Баирот ќе стануваат уште поголеми, доколку се продолжи со нивно игнорирање од страна на надлежните институции.

  1. Каналот за прифаќање на поројните води, кој постојано се пали и предизвикува енормно аерозагадување во населбата Бадембалари во Битола, е проектиран пред 40 год. за заштита од поплави, кал и земја, која за време на поројни врнежи се слева од Баирските ридишта до центарот на градот;
  2. Регионалното географско друштво ГЕОСФЕРА-Битола на 15.10.2020 год. побара од ЈП Нискоградба (под чија надлежност е одржувањето на каналите) да го исчисти каналот, бидејќи истиот е целосно потрупан со отпад и не ја обавува функцијата за која е изграден, а преку споредба на сателитските снимки на Google Earth констатиравме дека каналот не е исчистен од 2016 год. - одговор: обратете се до Секторот за комунални работи при Општина Битола;
  3. На 29.9.2020 год. поднесовме граѓанска иницијатива до Советот на Општина Битола за решавање на еколошките и комуналните проблеми во населбата Баир, со соодветни предлози - нема одговор;
  4. До ЈП Комуналец понудивме донација за поставување на контејнер со капацитет од 5 m3 на локација кај каналот за да можат жителите соодветно да го депонираат отпадот, но и во иднина, доколку се исчисти каналот да не се потрупи со отпад - одговор: не работеле со такви контејнери, без никаков друг предлог.
  5. На најсиромашното население на Баирот им поделивме триесетина алатки за соголување на кабел за да не ги палат каблите, со што, ќе се намали аерозагадувањето и побаравме да се организира откуп на ПВЦ гумата од каблите за да ги стимулираме луѓето за селекција на отпад - нема интерес ниту од Општина Битола, ниту од ЈП Комуналец.

Доколку брзо не се разбудат сите во градот, палењето на каналот ќе биде секојдневие, и не дај Боже да ни се случи уште едно „Стајковци“ како при невремето во Скопје, па неисчистениот канал да предизвика поплави во Бадембалари!

Како граѓанска организација, бараме поддршка на петицијата од сите граѓани и институции во Битола за итно и неодложно чистење на каналот од страна на ЈП Нискоградба и поставување на контејнери и подигање на сметот од страна на ЈП Комуналец.

Victory

This petition made change with 698 supporters!

Share this petition

Share this petition in person or use the QR code for your own material.Download QR Code

Decision Makers

  • ЈП Нискоградба
  • ЈП Комуналец
  • Општина Битола