ИЗМЕНА НА МЕРКА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НИЗ ШУМА

ИЗМЕНА НА МЕРКА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НИЗ ШУМА

Started
April 16, 2020
Petition to
Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство and
Signatures: 5,533Next Goal: 7,500
Support now

Why this petition matters

Started by Biljana Filipovska

"Поради зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по барање на ЈП „Национални шуми“, воведува забрана за движење во шума и на шумско земјиште од 6 до 20 часот. Забраната започнува да важи од 17 април (петок) година и ќе трае се до нејзино отповикување." 

Почитуван Министер за земјоделство водостопанство и шумарство Трајан Димковски, и Директор на ЈП Национални Шуми Зоран Ѓорѓиев, 

Мерката ќе стапи на сила од 17ти април со неодреден рок??? Каква е таа одлука и спроведување на истата преку ноќ без никакво излагање? Какви се овие забрани и ограничување на движење, основно човечко право без никаква реална основа? Природата е со влага, и април е месец кој беше проследен со обилни врнежи на дожд и снег - каква е таа опасност од пожари? Дали реално постои друга причина за забраната? Свесни сте дека ова е дополнителен притисок и ограничување кои ни ги нанесувате и ги предизвикувате. За која цел е реално донесена оваа забрана? До кога оваа мерка би била на сила, дали некој размислува за тоа дека секое попладне и викенди илјадници жители се во природа? Дали е размислено за сите други негативни ефекти од ваква забрана, или преку ноќ е донесена и спроведена, особено во период кога сите седиме по дома затворени и не се изложуваме на премногу потребното сонце и чист воздух, особено СЕГА? Доколку постојат некои за сега неразјаснети ризици и цели, дали ваква мерка е "најлесна" за спроведување, и тоа преку ноќ, дали затоа е донесена? Се шпекулираат неколку можни реални причини и сценарија. Дали размислувате за Вашиот личен интегритет како дел од ова опшество како и тој на институциите кои ги преставувате со постапките и мерките кои ги носите?

Прошетките во природа се единственото природно одржување на имунитетот во моментов. Стимулирајте прошетки во шумите, едуцирајте го населението за грижа за своето здравје, доста репресивни мерки. Ваквите мерки не создаваат прогрес, не го менуваат менталитот, не ги едуцираат луѓето, не се човечни, и не ги спречуваат пожарите.

Ако вие не сте љубители на планината и природата, има луѓе кои дишат во еден здив со неа. Револтот е огромен, и доколку не ја рагледате можноста за измена на одлуката и преиначување на истата со цел рекреативци и љубители на природата да можат слободно да циркулираат по шумите и во природа, ќе се организираме и ќе ја покренеме јавноста.

Support now
Signatures: 5,533Next Goal: 7,500
Support now
Share this petition in person or use the QR code for your own material.Download QR Code

Decision Makers

  • Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство
  • ЈП Национални Шуми
  • Трајан Димковски
  • Зоран Ѓорѓиев