Обезбедете ни функционална Поликлиника во општината Шуто Оризари!

Обезбедете ни функционална Поликлиника во општината Шуто Оризари!

Started
May 3, 2023
Petition to
Министер за здравство на Р. С. Македонија Fatmir Mexhiti and
Signatures: 143Next Goal: 200
Support now

Why this petition matters

Started by ESE Association

Во Поликлиниката во Шуто Оризари обезбедете ни:

- Пункт за итна медицинска помош.

- Дополнителни две ординации со матични лекари.

-Специјалистичко-консултативна здравствена заштита од најмалку четири специјалности: интерна медицина, дерматовенерологија, неврологија и ортопедија.

- Радиодијагностичка дејност (Рентген дијагностика).

- Зголемен број на патронажни сестри.

- Опремување на Дежурната служба. 

 

За да се остварат нашите барања од Владата на Р.С. Македонија, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и  ЈЗУ Здравствен дом – Скопје бараме:

- Да се опремат простории за работа на итна медицинска помош, да се набави возило за итна медицинска помош кое ќе биде стационирано во Поликлиниката во Шуто Оризари и да се вработи персонал со цел да се формираат тимови за итна медицинска помош кои ќе работат 24/7.

 - Да се опремат дополнителни две ординации за матични лекари, согласно на Правилникот за стандарди за акредитација на ординациите од примарна здравствена заштита

- Да се обезбедат субвенции за лекарите кои ќе отворат приватни здравствени установи со матичен лекар во рамки на ново опремените ординации во Поликлиниката.

- Да се опремат најмалку четири кабинети, вклучувајќи и дијагностичка опрема, за обезбедување на специјалистичко-консултативна здравствена заштита од областа на интерна медицина, дерматовенерологија, неврологија и ортопедија. Да се вработи најмалку по еден доктор од секоја од наведените специјалности кои ќе ја вршат соодветната дејност, како и соодветен здравствен персонал со висока и средна стручна спрема.

- Да се опреми рентген кабинет со потребните рентген апарати и да се вработи соодветен медицински персонал за обезбедување на здравствени услуги од рентген дијагностиката.

- Да се вработат најмалку две патронажни сестри во Поликлиниката во Шуто Оризари.

- Да се опреми Дежурната служба во Поликлиниката со потребна медицинска опрема и материјали со цел да обезбеди соодветна и квалитетна здравствена заштита.

- Да се назначи служба која што ќе раководи со Поликлиниката во Шуто Оризари, вклучувајќи Раководител и соодветна административна служба по пример на останатите Поликлиники во Скопје. 

Зошто ја поднесуваме оваа петиција:

  - Податоците добиени од жителите на Шуто Оризари говорат дека во 35% од случаите Брзата помош не дошла кога била повикана, додека во 40% од случаите Брзата помош пристигнале во времетраење подолго од 30 минути по повикот. Овие состојби претставуваат значителен ризик по здравјето и животот на граѓаните од Шуто Оризари. 

- Уредбата за мрежата на итна медицинска помош предвидува дека при јавна здравствена установа кон која гравитираат до 30.000 жители, треба да има најмалку 5 (пет) тимови за итна медицинска помош. Во општината Шуто Оризари живеат 25.726 жители, а нема ниту еден тим.  

- Во општината работат вкупно седум матични лекари, што значи дека има 3.675 жител на 1 матичен лекар, додека во Уредбата за мрежата на здравствени установи предвидено е да има 1000 жители на еден матичен лекар. Оваа состојба резултира со преоптовареност на постоечките матични лекари, а воедно и значителен дел од населението не може да избере матичен лекар во својата општина. 

- Согласно Законот за здравствена заштита „Поликлиника на секундарно ниво спроведува здравствена дејност на две или повеќе ординации од специјалистичко-консултативната дејност и соодветна дијагностичко- лабораториска, односно заботехничко-лабораториска дејност и радиодијагностичка дејност, во зависност од здравствената дејност што се врши во ординациите“. Поликлиниката во Шуто Оризари не спроведува ниту една од овие дејности, за разлика од Поликлиниките во останатите општини, и жителите се приморани да патуваат во други општини за да ја добијат потребната здравствена заштита, што претставува дополнителна бариера за лицата кои живеат во социјален ризик и сиромаштија. 

- Само 23% од жените Ромки биле посетени од патронажна сестра при последната бременост, додека само 18% од мајките и новороденчињата биле посетени од страна на патронажна сестра. Оваа состојба пред се се должи на недоволниот број на патронажни сестри во општината Шуто Оризари. 

- Жителите на Шуто Оризари сведочат дека поради тоа што во Дежурната служба воопшто нема опрема, ниту медицински средства и материјали, не добиваат соодветна услуга и ако имаат потреба повторно мора да патуваат до останатите здравствени установи во Скопје за да добијат здравствена заштита во текот на ноќните и попладневните часови, како и за време на неработните денови. 

 

Организации креатори на иницијативата: Здружение за развој и унапредување на ромската заедница – Романо Чачипе од Шуто Оризари, Скопје; Иницијатива за развој и инлкузија на заедниците – ИРИЗ од Шуто Оризари, Скопје; и Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ од Скопје.

Организации поддржувачи на иницијативата: Здружение Иницијатива за правата на жените  од Шуто Оризари – Скопје; Здружение Рома Прогрес

Support now
Signatures: 143Next Goal: 200
Support now
Share this petition in person or use the QR code for your own material.Download QR Code

Decision Makers

  • Fatmir MexhitiМинистер за здравство на Р. С. Македонија
  • Маја МанолеваЗаменик Министер за здравство на Р. С. Македонија
  • Jusuf HasaniДржавен секретар, Министерство за здравство
  • Магдалена Филиповска ГрашкоскаГенерален директор, Фонд за здравствено осигурување
  • Faton AhmetiГенерален директор, Фонд за здравствено осигурување