„НЕ“ за целосно затворање на Кејот

„НЕ“ за целосно затворање на Кејот

Started
July 30, 2022
Signatures: 1,280Next Goal: 1,500
Support now

Why this petition matters

Started by 091RUNCrW Skopje

Градскиот кеј и неговите патеки се главно место за рекреација на голем дел од луѓето кои живеат во Скопје. Трчање, возење велосипед, пешачење, одење на работа со велосипед и тротинет се само дел од секојдневните активности на повеќе илјади луѓе на ова наше драго место. Во населбата Карпош, на потегот кај Карпата започнува изградба на сообраќаен мост кој ќе ги поврзува двете страни на реката Вардар и кој ќе претставува брза врска помеѓу Карпош, на една страна и Бардовци и Злокуќани на друга.  

Здружението за трчање, пливање, велосипедизам, дуатлон и триатлон 091РАНКРУ Скопје, во целост ја подржува иницијативата за изградба на овој мост. Сепак, целосно затворање на кејот ќе нѐ спречи сите нас да ги извршуваме нашите секојдневни активност на подолг временси период, период од неколку години. Ние, како здружение на кое едни од главните цели му се промоција и развој на трчањето, активација на своите членови како и сите граѓани, а особено младите за активен спортски живот, сакаме да понудиме решение каде и покрај градежна зона, Кејот во целост нема да не биде затворен и ќе функционира. Предлог решението е да се постави заштитен тунел од проодни контенери во должина од 200m, од едната до другата заштитна ограда, која веќе е поставена на патеката. Ова решение за заштита на градилишта се практикува насекаде во светот и е доста практично и безбедно. 

Ги повикуваме сите граѓани кои ја поддржуваат оваа идеа, да ја пополнат оваа петиција. По завршување на процесот, петицијата ќе биде доставена до Градоначалникот и Советот на Град Скопје. 

Support now
Signatures: 1,280Next Goal: 1,500
Support now
Share this petition in person or use the QR code for your own material.Download QR Code