Дебата на Претседателските кандидати мора да има!

Дебата на Претседателските кандидати мора да има!

Started
April 15, 2024
Signatures: 612Next Goal: 1,000
Support now

Why this petition matters

Started by Electric Sponge

Во најновиот извештај на Фридом Хаус, како и во многу извештаи на слични релевантни меѓународни организации, е забележано дека Република Македонија не само што не напредува во демократските процеси туку и назадува.

Типичен пример за демократскиот дефицит во македонското општество се овие Претседателски избори, односно во овој процес кој е од огромно значење за иднината на македонските граѓани нема ниту една дебата помеѓу кандидатите за Претседател на државата! Нешто што е нечуено во ниту едно општество кое претендира да е демократско. 

Дебатите претставуваат најдобар начин за кандидатите да ги претстават своите визии пред јавноста и да се соочат со визиите на противкантите на јавна сцена, во живо. Како и за граѓаните да се здобијат со подетални информации за тоа кои се нивните планови за управување на земјата. Ова ги овозможува граѓаните да направат поинформирана одлука на 24 април.

Благодариме на сите кои ќе ја поддржат оваа петиција и кои ќе се придружат во нашиот заеднички став за подобра, поинформирана и отворена демократија.

Support now
Signatures: 612Next Goal: 1,000
Support now
Share this petition in person or use the QR code for your own material.Download QR Code